Фудбал Рома

Де Роси задоволен од ремито со Јувентус

Нерешените резултати не можат да нè направат среќни, но момците имаат став, желба да одат напред, и тоа ме прави среќен, изјави Де Роси.

Де Роси задоволен од ремито со Јувентус

Тренерот на Рома, Даниеле де Роси, е задоволен од настапот на неговите избраници на натпреварот од 35. коло на италијанското првенство со Јувентус (1:1).

– Одигравме одличен натпревар. Можам само да се гордеам и да се радувам. Нерешените резултати не можат да нè направат среќни, но момците имаат став, желба да одат напред, и тоа ме прави среќен, изјави Де Роси за италијанските медиуми.

Со освоениот бод, Рома има вкупно 60 и се наоѓа на 5.место во Серија А.

Јувентус со 66 бодови остана на третото место. Избраниците на Масимилијано Алегри ја продолжија низата без победи на сите турнири на пет натпревари.

To top