Фудбал

ПМФЛ: Вардар поразен од Струга, Шкендија го победи Работнички

ПМФЛ: Вардар поразен од Струга, Шкендија го победи Работнички

Струга поведе уште во третата минута од натпреварот со гол на Згуро од пенал, само пет минути подоцна веќе беше 2-0 откако прецизен беше и Таири.

Вардар во 31. минута намали преку Милосавиќ на 2-1 и се врати во игра, но тоа беше се што сторија црвено-црните. Во второто полувреме погоди Компаоре и ги постави конечните 3-1 за стружани.

Шкендија со 2-0 славеше над Работнички. Шала во 58. минута погоди за 1-0, а конечниот резултат го постави Тотре во втората минута од судиското продолжение.

Брегалница со гол на Роналдо Вебстер во судиското продолжение се избори за бод на гостувањето кај Брера која имаше предност од 44. минута со гол ма Матеј Цветановски.

Самир Фазли со гол во 83. минута донесе победа за Македонија Ѓорче Петров против Силекс.Тиквеш со убедливи 3-0 победи на гостувањето кај Воска во Охрид. Ивановски даде два гола, еднаш погоди Спахиу.

Гостивар ја продолжи долгата серија без пораз откако денеска одигра 0-0 со Шкупи.

Резултати 16. коло:

Вардар – Струга 1-3

Шкендија – Работнички 2-0

Брера – Брегалница 1-1

Македонија ЃП – Силекс 1-0

Воска – Тиквеш 0-3

Гостивар – Шкупи 0-0

Табела: Шкупи 32, Шкендија 32, Струга 30 (-1), Силекс 23 (-1), Тиквеш 22, Брера 20, Гостивар 20, Работнички 20, Македонија ЃП 18, Воска 16 (-1), Брегалница 16, Вардар 11 (-1)

To top