Фудбал

Мрме дрско кон ФФМ и Милевски: Луѓе без капацитет ја растурија најдобрата генерација во историјата на Македонија

Мрме дрско кон ФФМ и Милевски: Луѓе без капацитет ја растурија најдобрата генерација во историјата на Македонија

Поранешниот селектор на машката фудбалска репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски се огласи на социјалните мрежи откако вечерва Грузија за првпат во историјата се пласираше на Европско првенство.

Ангеловски ја искористи оваа ситуација да се осврне и на македонската репрезентација која ја предводеше до 2021 година, со која се пласираше на ЕУРО, успех за кој му беа потребни шест години на кормилото на селекцијата.

-Грузија вечерва заслужено слави. Ја победи Грција и испиша историја. Пласман на ЕУРО 2024 година, откако во минатото финале на Лига на нации загуби од Македонија. Честитки. Но каде сме ние после историскиот пласман на ЕУРО 2020. Наместо да се бориме секој нареден циклус на квалификации да го подобруваме нашиот учинок го уништивме она што вреди носени од мотивите за личен профит и луѓе без капацитет на водечките позиции во ФФМ и на позицијата селектор на А репрезентација кои со својата нестручност успеаа да ја растурат најдобрата генерација во историјата на Македонија која бележела резултати и за тоа треба да им се “честита”. Но тоа не е се прокоцкаа шанса за пласман на Светско првенство каде 50% од работата им беше завршена. Сега слушаме изјави од селекторот кои ме загрижуваат бидејќи да изјавиш такво нешто треба да си надвор од мисловна активност или да бараш оправдување за сопствената немоќ. Резултатот е нешто што не можеш да смениш. Неинтелегентниот човек невозможно е да го поразиш со аргументи, напиша Ангеловски на Фејсбук.

Screenshot / Igor Angelovski

Македонската фудбалска репрезентација вчера го заврши првиот дел од мини подготовките во Анталија, каде одигра и два контролни натпревари, со реми против Молдавија (1:1) и пораз од Црна Гора (0:1).

Селекторот на македонската репрезентација, Благоја Милевски изрази задоволство од сработеното и прикажаното на неговите избраници.

Теми на денот

To top