Фудбал

Миовски: Овие награди ми докажаа дека се правам од срце

Миовски: Овие награди ми докажаа дека се правам од срце

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски има навистина одлична индивидуална сезона во дресот на Абердин, тим во кој успеа да постигна погодоци во сите натпреварувања во кои клубот настапуваше и тоа првенството, лига и ФА Купот како и на мечевите во Лига Европа и Конференциската лига.

Токму нашиот репрезентативец доби една заслужена награда од Абердин и тоа за играч на годината, натпреварувачката 2023/2024.

-Благодарност до сите навивачи кои гласаа за мене, ми покажавте колку многу ви значи тоа што го правам кога сум на теренот. Овие две награди ми докажаа дека се што сум направил од моето срце за овој тим е ценето и ќе продолжам се да правам, -порача Миовски кој да не заборавиме претходно се најде и во тимот на сезоната во шкотскиот шампионат.

To top