Фудбал

Модриќ на пресвртница – нов договор во Реал или крај на кариерата во дресот на Хрватска

Модриќ на пресвртница – нов договор во Реал или крај на кариерата во дресот на Хрватска

Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација Лука Модриќ одлучил да ја отфрли опцијата да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија или во САД, а во текот на летото или ќе потпише нов договор со Реал или ќе ја заврши кариерата, пренесуваат шпанските медиуми.

Според информациите, договорот на Модриќ со Мадрид истекува на 30 јуни, а а не пристигне понуда за продолжување на соработката, тој ќе ја заврши кариерата, пред се од семејни причини.

Модриќ практично ќе ја заврши кариерата во дресот на хрватската репрезентација на претстојното Европско првенство, каде што ќе се појави по петти пат во кариерата.

Модриќ, кој во септември ќе го прослави својот 39-ти роденден, во Реал Мадрид е од 2012 година и има освоено 24 трофеи, од кои пет во Лигата на шампионите, како и Златната топка за 2018 година

To top