Фудбал Аргентинецот посакува од два евроспки гиганти

Мауро Икарди е желба и на Реал Мадрид и на Манчестер јунајтед

Мауро Икарди е желба и на Реал Мадрид и на Манчестер јунајтед

По неуспешната авантура во ПСЖ, Мауро Икарди си ја врати кариерата на прав пат во дресот на Галатасарај.

Аргентинецот одлично се снајде во Турција, редовно ги тресе мрежите, па сега се поврзува со изненадувачки трансфер.

Одредени извори пренесуваат дека практично се е договорено за негова позајмица во Реал Мадрид, каде ќе заработува 8 милиони евра плус бонуси и ќе му даде опција плус на Карло Анчелоти во нападот.

Други пак пишуваат дека Манчестер јунајтед го мерка Мауро Икарди и го има идентификувано како решние за решавање на голгетерските маки на Ерик тен Хаг.

Останува да се види каква ќе биде иднината на Мауро Икарди, и дали тој ќе добие нова шанса да ги покаже своите квалитети на највиско ниво.

To top