Фудбал

Јануарското засилување на Барселона може да дебитира

Јануарското засилување на Барселона може да дебитира

Барселона го договори Витор Роке уште пред неколку месеци и планот беше да го доведе на лето, но повредата на Гави и лошата форма на напаѓачите направи клубот да го забрза трансферот.

Чави го вметна Роке во тимот кој отпатува за Гран Канарија и покрај тоа што талентираниот голгетер не беше регистриран, но во текот на ноќта, од Федерацијата и Ла Лига пристигна позитивна вест.

Двете одговорни тела дадоа зелено светло и го регистрираа 18-годишниот Роке, а тоа значи дека тој сега му стои на располагање на Чави и ќе биде опција плус за утрешното гостување.

To top