Фудбал

Гвардиола за ремито со Палас: Не е лоша среќа, не заслуживме да победиме

Гвардиола за ремито со Палас: Не е лоша среќа, не заслуживме да победиме

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола верува дека неговиот тим не заслужил да го победи Кристал Палас.

– Треба да бидеме трпеливи, да не дозволиме транзиции и да не примаме такви голови. Ова го правиме 7-8 години на вакви натпревари. Сега противникот најпрво намали, а потоа им даваме пенал во последната минута. Треба да се игра внимателно во шеснаесетникот, а ние не го направивме тоа. Не заслуживме да победиме. Ова не е лоша среќа, се е заслужено. Дадовме два бода. Кога дозволуваш таков пенал, значи дека не заслужуваш победа. Погледнете ги шансите што ги создадовме и дозволивме. Ситуациите во текот на оваа сезона се доста слични – освен на натпреварот со Челзи. Не можеме да го решиме исходот од натпреварите и покрај многуте шанси, изјави Гвардиола.

Манчестер сити на вчерашниот натпревар од 17. коло на Премиер лигата со Кристал Палас, водеше со 2:0 до 76. минута, но на крајот ремизира 2:2.

Во тековната сезона во Премиер лига, тимот загуби 9 бода, примајќи голови по 80. минута.

Теми на денот

To top