Фудбал Бернардо Силва

Уште еден гигант тргнува по ѕвездата на Манчестер Сити

Најголем интерес за неговите услуги покажа Барселона, која сепак има силна конкуренција.

Уште еден гигант тргнува по ѕвездата на Манчестер Сити

Иднината на Бернардо Силва беше тема на разговор во последните месеци, а се очекува Португалецот да го напушти Манчестер Сити на лето. Најголем интерес за неговите услуги покажа Барселона, која сепак има силна конкуренција.

Според шпанските медиуми, и ПСЖ на лето сака да го привлече играчот од средниот ред. Минатата година клубот се обиде, но безуспешно. Силва сега ќе биде достапен за 50 милиони евра, а неговата откупна клаузула ќе биде активна од јули.

Францускиот шампион има очигледна предност пред Каталонците – финансиски. Силва останува главна цел на Барселона во следниот преоден рок. Тој исто така сака да се пресели на „Камп Ноу“, според новинарот Феран Кореас.

Силва е под договор со Манчестер Сити до летото 2026 година, но се чини дека сака нов предизвик во кариерата. Јасно е дека доколку ја избере Барселона, ќе биде поблиску до родниот Лисабон. Тој е младински играч на Бенфика. Пред да се пресели во Манчестер Сити играше и за Монако.

За португалската репрезентација постигна 11 гола на 88 натпревари.

To top