Фудбал „Би-би-си“

Гвардиола: Ливерпул е неверојатен тим

Во првото полувреме имавме иницијатива, многу шанси. Откако им го подаривме пеналот, настрадавме. Тоа беше добар натпревар за гледачите, изјави Гвардиола.

Гвардиола: Ливерпул е неверојатен тим

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола ги искажа своите впечатоци по нерешениот резултат на натпреварот против Ливерпул (1:1) во 28. коло од Премиер лигата.

-Почнавме навистина добро, но Ливерпул е неверојатен тим. Ние имавме свои моменти, тие свои. Не е лесно да се игра против нив. Во првото полувреме имавме иницијатива, многу шанси. Откако им го подаривме пеналот, настрадавме. Тоа беше добар натпревар за гледачите, изјави Гвардиола за „Би-би-си“.

Манчестер сити е трет во Премиер лигата со 63 бода, со еден бод помалку од Арсенал и Ливерпул.  (МИА)

Теми на денот

To top