Фудбал

Голот на Реал Мадрид ќе биде сигурен и следната сезона

Голот на Реал Мадрид ќе биде сигурен и следната сезона

Андриј Лунин доби награда за одличните партии во Реак Мадрид и ќе добие нов договор со „кралевите“.

После повредата на Тибо Куртоа, Анчелоти не сакаше да го стави Лунин да брани, па го ангажираше Кепа Аризабалага од Челзи како позајмен, но украинецот кој од 2018-тата е во Реал, чекаше и ја дочека својата шанса, која апсолутно ја оправда.

Лунин во 2018-тата беше купен од украинската екипа Зорја за 8.5 милиони евра и имаше статус на најслабо платен играч во Реал, но тоа сега ќе се промени и украинецот ќе има иста плата со белгиецот, Тибо Куртоа, кој сепак се очекува да биде прв избор на Анчелоти за следната сезона.

To top