Фудбал

Антоан Гризман нема намера да го напушти Атлетико

Антоан Гризман нема намера да го напушти Атлетико

Францускиот фудбалер и ѕвезда на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман нема намера да го напушти својот клуб. Атлетико, синоќа, со голот на Гризман ја победија Мајорка, а по натпреварот францускиот репрезентативец ги деманираше пишувањата на англиските медиуми дека ќе се пресели во Манчестер јунајтед.

„Сакам да направам се за да станам легенда на Атлетико Мадрид. Тоа е мојата мисија. Се надевам дека во 2024 година ќе ги израдувам навивачите со некој трофеј во дресот на Атлетико, бидејќи тоа би било остварување на сонот”, изјави Гризман.

Да потсетиме, Гризман се пресели во Барселона во летото 2019 година за 120 милиони евра, но се врати две години подоцна. Прво на позајмица, а потоа Атлетико го купи за само 25 милиони евра.

To top