ТВ и Филм

ВИДЕО: Објавен трејлерот, овој филм веќе ја доби титулата за најстрашен хорор за 2024 година

ВИДЕО: Објавен трејлерот, овој филм веќе ја доби титулата за најстрашен хорор за 2024 година

Викендов беше објавен трејлер за претстојниот хорор филм „Longlegs“, а некои веќе го прогласија за „најстрашниот филм за 2024 година“.

Трејлерот за „Longlegs“ – хорор филмот во режија на Оз Перкинс и со Николас Кејџ, Маика Монро, Алиша Вит и Блер Андервуд во главните улоги – беше објавен во текот на викендот и е прилично вознемирувачки.

Студиото НЕОН претходно сподели видео со зборовите „Не заборавајте да ги кажувате вашите молитви“.

Во видеото се слуша морничава музика додека човек кој држи светилка го трга сеното настрана за да открие распетие на подот. Тој користи лост за да ги тргне подните даски, откривајќи дрвена кутија со натпис.

Додека трае ова, се слуша звук на телефонски повик, а жената вели: „Се уште се молите? Нашите молитви не штитат од ѓаволот“. Во меѓувреме, на екранот трепкаат слики од местото на злосторството.

Конечно, трејлерот завршува со низа симболи и букви, кои одговараат на теми кои ќе бидат истражени во филмот. Видеото го привлече вниманието на љубителите на хорор, а судејќи по коментарите, се предвидува дека ќе има значителен успех.

Во синопсисот на претстојниот филм се вели: „На агентот на ФБИ Ли Харкер му се дава нерешен случај со сериски убиец кој добива неочекуван пресврт, откривајќи докази за окултизмот. Харкер открива лична врска со убиецот и мора да го спречи пред тој повторно да удри“.

To top