Познати Бронзено-алуминиумски споменик

ВИДЕО: Откриен споменик со ликот на Шакира во Колумбија

Пејачката Шакира е овековечена со статуа која беше откриена во нејзиниот роден град Баранкиља во Колумбија. Бронзено-алуминиумскиот споменик висок 6,5 метри ја прикажува поп-ѕвездата во едно од нејзините препознатливи танцови движења со рацете над главата и марама врзана околу половината.

ВИДЕО: Откриен споменик со ликот на Шакира во Колумбија

„Колковите што не лажат, неспоредлив талент, глас што ги допира масите“, гласи натписот во основата на скулптурата.

„Им благодарам на скулпторот Ено Маркез и на учениците од околното уметничко училиште за оваа илустрација и за големата уметничка дарба на луѓето од мојата земја“, напиша Шакира на „Х“.

Обележјето е откриено со свеченост на бреговите на реката Магдалена во Баранкиља, во северна Колумбија, во присуство на родителите на пејачката.

Најнови вести од Познати

To top