Познати снимката е вирална

ВИДЕО: Незгода на концертот на Мадона, пејачката и танчерот се струполија на бината

Танчерот се лизна со потпетиците кои ги носеше, падна на бината и со себе ја повлече кралицата на поп музиката.

ВИДЕО: Незгода на концертот на Мадона, пејачката и танчерот се струполија на бината

Пејачката Мадона доживеа незгода, прво со играч, па со столицата која беше свртена на погрешната страна.

Мадона неодамна одржа концерт во Сиетл, како дел од нејзината турнеја „Celebration“, каде нејзините придружни танчери носеа кожни костими и високи потпетици.

За време на изведбата на песната „Open your heart“ Мадона седеше на стол, а нејзиниот танчер требаше да го повлече столот наназад преку сцената, но токму во тој момент се случи незгода.

Танчерот се лизна со потпетиците кои ги носеше, падна на бината и со себе ја повлече кралицата на поп музиката.

Мадона падна на грб, се тркалаше на стомак и продолжи да пее, смеејќи се, за потоа столот повторно да се појави пред неа.

Кога станала и отиде да седне на столчето и да ја продолжи изведбата на песната и кореографијата, сфати дека е свртена на погрешна страна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NEWS-OF-MADONNA (@news_of_madonna)

Најнови вести од Познати

To top