Познати Патува само пијана

СКАНДАЛ МАЈСТОР: Нада Топчагиќ врескала во авион, стјуардесите веднаш реагирале – трезна не патува

Нада признава дека најмногу се нервира кога некаде патува, а мора да смени неколку авиони.

СКАНДАЛ МАЈСТОР:  Нада Топчагиќ врескала  во авион, стјуардесите веднаш реагирале  – трезна не патува

Пејачката Нада Топчагиќ уште не може да го надмине стравот од летање, па се присети на неколку ситуации кои се случиле кога летала сама, а во една прилика поради страв задоцнила на лет.

-Секогаш беше добро кога одеа и другите колеги, па сите заедно летаме, но се случуваше да летам сама од Виена, а имаше само седум патници. Се случија турбуленции, а јас почнав да врескам толку многу што стјуардесите дојдоа кај мене, а сите странци беа наоколу, изјави таа.

Нада признава дека најмногу се нервира кога некаде патува, а мора да смени неколку авиони.

-Најлошо ми беше кога бев на лет сама, тие порти, летот доцни, а ти треба да се смениш некаде, не можам да се снајдам таму. Од страв не знам каде сум и затоа еднаш доживеав дека авионот ми одлета, па останав во Милано пет дена, додала Нада и признала дека никогаш не се качува во авион трезна.

-Морам да пијам и да бидам расположена за авион, инаку нема шанси да заминам. Да влезам трезна во авионот, може се да се случи, рече Нада.

Најнови вести од Познати

To top