Познати Сакал да експериментира со различни лекови

Причината за смртта на Метју Пери отвори многу прашања, поранешната девојка бара да се испрашаат докторите

Актерот беше пронајден мртов на 28-ми октомври во џакузи на неговиот имот во Лос Анџелес, а резултатите од токсиколошките тестови беа објавени минатиот петок и се нашироко анализирани.

Причината за смртта на Метју Пери отвори многу прашања, поранешната девојка бара да се испрашаат докторите

Поранешната девојка на Метју Пери, Кејти Едвардс, повика да се испрашуваат во истрагата неговите доктори, откако беше потврдено дека кетаминот е причина за неговата смрт.

Актерот беше пронајден мртов на 28-ми октомври во џакузи на неговиот имот во Лос Анџелес, а резултатите од токсиколошките тестови беа објавени минатиот петок и се нашироко анализирани.

Извештајот покажа дека Метју Пери починал од „акутни ефекти на кетамин“ и давење – при што актерот имал слични количини на кетамин во неговиот систем како болнички пациент под општа анестезија. Беше подложен на инфузиона терапија со кетамин за депресија.

Кети Едвардс, која се забавуваше со Метју Пери во 2006 година и работеше како негов асистент во 2011 година, рече дека има многу неодговорени прашања и побара дополнително објаснување.

– Не бев таму, па не знам што точно се случи, но го познавам Метју како личност и пријател и ги знам шаблоните што довеле до ова. Од далеку можев да кажам дека не изгледаше добро во последните неколку недели од неговиот живот. Трезните луѓе кои го познаваа никогаш не се дружеа со него кога беше под дејство на дрога, па не можеа да ги видат знаците, рече таа.

Таа рече дека последната објава на актерот на Инстаграм, на која се гледа како лежи во џакузи, била сигнал дека повторно се дрогира. Кејти Едвардс денес е мајка на четири деца и води ранч со коњи во Калифорнија, последен пат разговарала со Пери минатата година, кога е објавена неговата автобиографија.

-Метју сакаше да експериментира со различни лекови. Сакаше да проба различни работи за да види што му функционира најдобро. Се сеќавам дека во еден момент доби хероин и еден од неговите пријатели му покажа како да го користи. Отсекогаш сакал да пробува различни работи, но јас сум прилично сигурна дека кетаминот е нова работа бидејќи никогаш не сум го видела да го користи, забележала таа, пренесува Daily Mail.

Најнови вести од Познати

To top