Познати

„НЕКА СЕ ПЛАШИ ОД БОГ“: Сека Алексиќ веќе не може да крие, се огласи по шпекулациите дека нејзиниот сопруг ја изневерил со дадилката – таа забременила!

„НЕКА СЕ ПЛАШИ ОД БОГ“: Сека Алексиќ веќе не може да крие, се огласи по шпекулациите дека нејзиниот сопруг ја изневерил со дадилката – таа забременила!

Откако на социјалните мрежи започнаа да кружат приказни дека сопругот на Сека Алексиќ, Вељко ја изневерил со нивната дадилка и притоа и направил и дете, се огласи пејачката.

Таа реагираше на статусот на еден твитерџија кој напиша дека: „Но, Вељко на Сека кој и направил дете на дадилката, а таа глуми семејна идила“.

Пејачката бурно реагираше и се огласи веднаш за да стави крај на сите шпекулации.

-Семејството е светост, срам да му е на тој што ми го споменува бракот и мажот. Нека се плаши од Бог оној кој измислува такви приказни, напиша Сека.

Парот инаку е во брак од 2010 година и заедно со двете деца живее во куќа која е како од бајките во Стара Пазова, додека во медиумите на големо се шири приказна за една пејачка чиј сопруг ја забременил дадилката, а твитерџиите веднаш ја поврзаа Сека со овој скандал.

Најнови вести од Познати

To top