Познати верувате?

Меган Фокс конечно откри какви пластични операции направила

Призна дека вбризгувала ботокс и филери. На прашањето на која операција не била, таа одговорила дека никогаш не направила лифтинг, кревање веѓи, отстранување на маснотии или липосукција.

Меган Фокс конечно откри какви пластични операции направила

За време на нејзиното гостување во подкаст, Меган Фокс меѓу другото откри какви пластични операции до сега има направено.

Таа изјавила дека за првпат ги зголемила градите меѓу снимањето на филмот „Трансформери“ и неговото продолжение „Трансформери: Одмаздата на паднатите“.

-Ги преправив откако престанав да ги дојам децата, рече таа, додавајќи дека неодамна повторно ги поправила своите импланти.

Актерката го коментираше и нејзиниот нос.

-Го оперирав носот во моите рани дваесетти, рече таа, додавајќи дека обожавателите ја обвинуваат дека направила шест или седум операции на носот. Таа тврди дека нејзиниот нос изгледа значително поинаку од порано бидејќи го контурира со шминка.

Призна дека вбризгувала ботокс и филери. На прашањето на која операција не била таа, таа одговорила дека никогаш не направила лифтинг, кревање веѓи, отстранување на маснотии или липосукција.

Најнови вести од Познати

To top