Познати Концерт на 16-ти декември

Ќе пее песна од Тоше Проески и ќе пие само македонско вино: Теа Таировиќ најави спектакл во Скопје

На прашањето на КУРИР, дали на концертот ќе ја израдува македонската публика со македонска песна, Теа одлучи да го открие најголемото изненадување на вечерта.

Ќе пее песна од Тоше Проески и ќе пие само македонско вино: Теа Таировиќ најави спектакл во Скопје

Поубава од било кога, расположена за разговор и забава, Теа Таировиќ денес пристигна во Скопје. Таа го најави својот концерт кој на 16-ти декември ќе се одржи во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.

Искажа огромна почит до македонската публика. Вели дека кога и да дојде кај нас, публиката ја пречекува како да е наша.

Најави дека нејзин специјален гостин ќе биде Војаж, со кого заедно го пеат големиот хит „Балерина“.

Теа изјави дека првото нешто што го прави кога ќе дојде во Македонија е дека пие македонско вино во кое навистина ужива.

На прашањето на КУРИР, дали на концертот ќе ја израдува македонската публика со македонска песна, Теа одлучи да го открие најголемото изненадување на вечерта.

Имено, Теа ни откри дека напорно се подготвува да исполни една своја голема желба, да испее песна од Тоше Проески, кого го нарече најголема балканска ѕвезда.

Најнови вести од Познати

To top