Познати се обрати на „посилниот пол“

ЈК го разоткри синџирот: Еве кој стои зад сѐ – Призна дека ѝ пречи тој, а тоа не се простува

Поп-пејачката одлучи да ги патентира своите умотворби и повторно зададе силен удар.

ЈК го разоткри синџирот: Еве кој стои зад сѐ – Призна дека ѝ пречи тој, а тоа не се простува

Јелена Карлеуша е позната по остриот јазик и изјавите кои речиси секогаш предизвикуваат хаос, а овој пат испрати брутална порака до мажите. Всушност, последниве денови имаше неколку брутални објави на мажите.

Овој пат ги поддржа сите успешни жени и секако жестоко му се обрати на „посилниот пол“.

Зад секој успешен маж стои силна жена. Зад секоја успешна жена стои маж кој многу ѝ пречи – напиша Јелена, која изгледа не им простува на оние кои ја кочат.

Instagram /
karleusastar

Да потсетиме, врската на Карлеуша со Душко Тошиќ со месеци ја интересира и ја интригира јавноста, а токму за тоа неодамна проговори и самата ѕвезда. Како што неодамна откри, моментално нема директна комуникација со сопругот Душко Тошиќ.

Луѓето сакаат да се занимаваат со мојот приватен живот и со мојот брак. За жал. Со сопругот Душко разговарам преку дадилката и децата. И адвокатот. Убав е Душко, убав човек е, изјави Јелена, а потоа откри дека никој не ѝ се додворува.

Instagram /
karleusastar

Мажите не ми се додворуваат, а ни жените. Кога ќе научиш со години да примаш удари во главата како да си во ринг, тогаш гстануваш борец. Јас сум приватно една душа од жена. Многу сум добра приватно, нежна и мила, љубезна… Сосема спротивно од она што моите обожаватели го мислат за мене. Затоа луѓето имаат предрасуди за мене и никој нема да ме бакне, да ми испрати шампањ. Читам во весниците како им испраќаат шампањ на некои старлети. А како тогаш јас немам никој?! – праша ЈК.

Најнови вести од Познати

To top