Познати Се огласи пејачката

„Едната ја нареков кривонога баба“: Северина на суд поради овие две жени

Апсолутно не се чувствува виновна.

„Едната ја нареков кривонога баба“: Северина на суд поради овие две жени

Судењето на Северина Вучковиќ за наметливо однесување (прогонување) на поранешната директорка на Поликлиниката за заштита на деца и младинци на Град Загреб, Гордана Буљан Фландер и директорката на основното училиште каде настава посетуваше нејзиниот син, Љиљана Клингор, започна во Општинскиот суд во Загреб.

Имено, пејачката пристигнала на рочиштето, а пред да влезе во судницата се потрудила да го оправда своето однесување.

-Ми го чепкаа моето дете, се мешаа, па не знам што би направил ако си на мое место. Токму таква е ситуацијата кога наместо државата да го заштити детето, тие ме обвинија за наметливо однесување затоа што на две инволвирани жени им пратив СМС пораки, а тие не ме блокираа. Дотичните дами пишаа до Државното правобранителство и побараа да разговараат со мене и еве ме на суд, нагласи Северина и додаде:

„Наместо тие да бидат предмет на истрага затоа што правеле незаконски дејствија од позиција на власт, моите извештаи и пријавите на други жени кои имаат мака седат во фиоки. Апсолутно не се чувствувам виновна, мислам дека дотичните две дами требаше да бидат предмет на истрага, едната ја нареков кривонога баба, изјави Северина.

Најнови вести од Познати

To top