Познати Ова се нејзините тајни

Ѕвездата на „Пријатели“ заведува во шестата деценија, плени со својот изглед (ФОТО)

Џенифер покажа колку добро изгледа на неодамнешните награди Златен глобус, каде се појави во долг црн фустан на модната куќа „Долче и Габана“. Иако многумина коментираа дека е премногу обична, актерката успеа да го привлече вниманието на јавноста и да ја остави публиката без здив со својата витка линија.

Ѕвездата на „Пријатели“ заведува во шестата деценија, плени со својот изглед (ФОТО)

Џенифер Анистон вчера го прослави својот 55 роденден! Иако длабоко навлезе во шестата деценија, актерката плени  со својот изглед и постојано им доделува “домашна задача“ на своите помлади колеги.

Таа неодамна ја откри тајната на нејзиниот добар изглед. Како рече дека има четири навики кои ги практикува за да остане во форма.

-Пијам многу вода, се движам секој ден, се трудам да јадам свежа храна и да спијам колку што можам повеќе, изјави ѕвездата од серијата „Пријатели“ во интервју за магазинот CR Fashion Book.

„Овој последен дел е предизвик за мене, но е толку важен. Чувствувам кога не се одморам доволно. Покрај сето тоа, се трудам да се грижам за тоа за што размислувам“ – додала актерката.

Кога станува збор за нега на лицето, има една тајна.

-Само земете сад со ледена вода и прскајте го лицето 25 пати. Тоа е стар трик што го направи Џоан Крафорд и кој ја затегнува кожата, рече таа.

Џенифер покажа колку добро изгледа на неодамнешните награди Златен глобус, каде се појави во долг црн фустан на модната куќа „Долче и Габана“. Иако многумина коментираа дека е премногу обична, актерката успеа да го привлече вниманието на јавноста и да ја остави публиката без здив со својата витка линија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Aniston (@jenniferaniston)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Aniston (@jenniferaniston)

Најнови вести од Познати

To top