Познати Навални почина на 16 февруари

Боно и „Ју-ту“ му оддадоа почит на починатиот Алексеј Навални

Предводникот на ирската поп-рок група „Ју-ту“ – Боно го скандираше името на Алексеј Навални со публиката на концертот во Лас Вегас, САД.

Боно и „Ју-ту“ му оддадоа почит на починатиот Алексеј Навални

– Путин никогаш не би го кажал неговото име. Затоа, мислев, вечерва луѓето кои веруваат во слободата треба да го изговорат неговото име, рече пејачот.

„Толпата вечерва го воспева… АЛЕКСЕЈ НАВАЛНИ,“ напиша Боно на мрежата „Х“.

Опозицискиот критичар на рускиот претседател Владимир Путин, Алексеј Навални почина на 16 февруари годинава, на 47-годишна возраст. Како што соопшти руската затворска управа, тој бил затворен во Поправната колонија бр. 3 во Округот Јамало-Ненец.

Најнови вести од Познати

To top