Музика нов скандал

ЛАЖНА АТМОСФЕРА ЗА ВРЕМЕ НА НАСТАПОТ НА ИЗРАЕЛ: Евровизиските фанови во неверување што слушале на телевизија милионските гледачи, во салата ечело ова! (ВИДЕО)

За време на нејзиниот телевизиски настап имаше неколку свирежи од публиката, но преовладуваа овации и аплаузи, а се чини дека атмосферата во живо била поинаква од прикажаната.

ЛАЖНА АТМОСФЕРА ЗА ВРЕМЕ НА НАСТАПОТ НА ИЗРАЕЛ: Евровизиските фанови во неверување што слушале на телевизија милионските гледачи, во салата ечело ова! (ВИДЕО)

На социјалните мрежи се прошири видео од aрената за време на настапот на Израел на овогодинешната Евровизија која се одржува во Шведска, Малме.

Се чини дека атмосферата не беше иста како што се прикажуваше на телевизија, беа првите реакции по нејзиниот настап на вчерашната втора финална вечер.

По втората полуфинална вечер на Евровизија, најмногу се зборува за претставникот на Израел, Еден Голан, кој се пласираше во финалето со песната „Ураган“.

За време на нејзиниот телевизиски настап имаше неколку свирежи од публиката, но преовладуваа овации и аплаузи, а се чини дека атмосферата во живо била поинаква од прикажаната.

На социјалната мрежа Х, снимката од викањето и свирежите на публиката стана вирална, а корисниците кои го споделија видеата објаснија што всушност се случува.

„Потсетување: Ако слушнете како толпата го бодри Израел за време на преносот, тоа е затоа што ЕБУ користи техника за да ја замолчи толпата обидувајќи се да го покрие викањето со лажни навивања за ТВ, но вака беше внатре во арената. “, стои покрај видеото.

„Ги исклучија микрофоните на публиката за време на изведбата на Израел и додадоа лажно снимено навивање“, „Ова видео само покажува дека не сите од публиката се согласуваат со она што се случува. Тие ги пригушија реакциите на публиката само за време на изведбата на Израел. ЕБУ го поддржува тоа“, повеќе дел од коментарите од социјалните мрежи заедно со снимки од Арената.

To top