Колумни

Шуто, а боде

Шуто, а боде

Од Брисел катиљ-ферман пристигна, покатиљ здравје. Пораката до Таче и Али е јасна ко ден, а во неа ЕУ бирократите им укажуваат дека свилениот конец е ставен на јавен увид. А, како поинаку да се сфати најкатастрофалниот Извештај за „напредокот“ на Македонија?

Појасно, здравје, особено што овој катиљ-ферман доаѓа во буквално кажано – предизборие. Не случајно, најлошите оценки се темпирани да бидат последни пред изборниот дебакл кој следува. Последни оценки за последниот мандат на гарнитурата која не направи да бидеме последни по се’ во Европа. Соодветно, нели?

Очебијно, на ЕУ бирократчињата многу им пукнал филмот, иако, гарант, не им било лесно вака да ги зашамараат своите субмисивни домашни миленичиња, толку сервилни, послушни и безрбетни, галеничиња какви само можеш да посакаш. Можете да замислите, колку им пукнал филмот и колку ачик се криминалот, неспособноста и корупцијата на оваа тедер-влада, за да Брисел се откаже од услугите на најуслужните северни коленичарничиња, колку само ја претерале со арамилакот Таче и Алија за да добијат ваква клоца од довчерашните мецени. Аздисале, бескрајно, без исав, вели народот…

Веројатно, ова е и казна за лажните ветувања на Таче и неговиот монарх Заев, кои го сместија кумановскиот кловн во десет броја поголеми кондури за да лаже-суши оти имал 80 пратеници за уставни измени и внос на Бугари во македонската света книга. Арно ама, се покажа дека ајваните едвај збрале 70 суртуци и дека се светлосни години далеку од ветеното. Далеку ко Заев од чесноста, Груби од човекољубието, Кацарска од правдата и Стево од конзистентност и држење став…

Пораката „во шише“ на ЕУ до мегаломански корумпираните довчерашни миленичиња е ачик и вели: „Дечки, пакувајте се на време, да не испадне дека не сме ви кажале! Ја претеравте, ги минавте сите можни и неможни граници, ајт сиктер! Фаќајте возот…“

Затоа, не им замерајте на Таче и бандата што се во голема паника и што нервозата, едноставно, блика од нивните фацулиња. Природно е. Она, кога сфаќаш дека си ја прекардашил и дека она што следува е далеку од розово. Но, не очекувајте доблест и признание. Не во овој живот и не на овој свет. Нема кај нив ни „како дошло, така ошло“, а признавањето на грешките е за луѓе со крактер, чест и достоинство. Особини од кои оваа сурија е оперирана. Тие ќе гребат, лажат, кубат, касаат и ќе продолжат да релативизираат, дефокусираат и девалвираат. Матрица…

Затоа, нека не ве зачудува Маричиќ, кој меѓу два бифтека ќе излезе и широко насмејан ќе вергла дека 81 насто од извешатајот бил супер, посупер здравје и полн, преполн со успеси, нормално е и што ова ќе го заврглаат сите комуњарски медиуми во еден глас, што ќе се чаталат и ќе ги потенцират смешките од „прогрес“. Не случајно, ова доаѓа во време на исплаќање регрес на плата. Време е и за наплата на регресот од СДСССС, за сите злодејанија. Казна за седумгодишното уназадување на Македонија, на секое можно поле.

Туку, оставете ја оваа болумента од шуто и рогато на едно место од Заев збрана, нека се пенават, нека лажат, муљаат, агресивно чаламат и прштат со ароганција. Ај, што веќе одамна ни портирот во СДССС не им верува, проблемот е што и самите добро си знаат дека деновите на власт им се избројани. Народот за ваквите ќелепури има една прекрасна поговорка, која толку добро и прекрасно  ги опишува, толку соодветен и пластичен приказ за најнеспособната и најсамобенисана гарнитура во историјата на Македонија.

ШУТО, А БОДЕ…

To top