Интервјуа ИНТЕРВЈУ

Ковачки за КУРИР: Пендаровски целосно потфрли – молчеше за скандали, менуваше ставови и пет години преспа на Водно

Ковачки оценува дека толку често менување на ставови од страна на политичар, како што тоа го прави Пендаровски, не сме виделе досега во македонската политика.

Ковачки за КУРИР: Пендаровски целосно потфрли – молчеше за скандали, менуваше ставови и пет години преспа на Водно

„Сегашниот претседател и кандидат за иден претседател, Стево Пендаровски, целосно потфрли во извршувањето на својата должност. Човекот ги преспа овие пет години на Водно и успеваше со своите настапи да ја засмева јавноста“.

Ова во интервју за КУРИР го истакнува Драган Ковачки, пратеник и носител на листа на ВМРО-ДПМНЕ во изборна единица 3.

Во однос на очекувањата од претседателските избори, во кои се претпоставува дека во вториот круг противкандидат на Силјановска Давкова ќе биде Стево Пендаровски, Ковачки направи куса анализа на досегашниот мандат на актуелниот претседател.

-Тоа е една таква навреда за интелигенцијата на обичниот граѓанин, за Македонецот и останатите граѓани, што Македонија како членка на НАТО тоа не го заслужува. Ако сакаме да бидеме европски граѓани односно државата да биде членка на ЕУ, ќе треба да имаме политичари кои ја разбираат функцијата претседател на државата, кои си ја сакаат државата и кои ќе бидат поискрени кон граѓаните. Во моментов претседателот Пендаровски служи за подбив во јавноста затоа што тоа е човек кој наутро излегува со еден став, напладне се дообјаснува за утринскиот став, а веќе навечер го демантира тоа што го има кажано наутро, истакнува Ковачки.

-Морам да ве потсетам на случаите со Бехтел и Енка. Законите кои тој упорно тврдеше дека нема да ги потпише, видовте дека потоа имаше прес-конференција и веднаш ги потпиша. Се дообјаснуваше, но не помина во јавноста. За францускиот предлог, човекот објаснуваше дека не видел никаков предлог на маса во Скопје, но по 5-6 дена излезе во јавност и кажа дека токму тој го работел. После, откако кажа дека бил добар предлогот да дообјаснува дека ако повторно не се спроведат оние протоколи со Бугарија дека пак ќе имаме вето. Човекот не може да се договори сам со себе, истакна тој.

Ковачки оценува дека толку често менување на ставови од страна на политичар, како што тоа го прави Пендаровски, не сме виделе досега во македонската политика.

-Тој е човекот со најбрзо менување на ставови и мислам дека не ја заслужува позицијата претседател на државата. Тој човек, за жал, одмолчи сериозни скандали во општеството. Немаше никаква реакција по скандалите со загинувањето на луѓето во болницата во Тетово, имаше бледа реакција која што за жал не предизвика дополителна мобилизација на државните ресурси за откривање на вистината и изнесување на вистинските причинители пред лицето на правдата. Молчеше за Дурмо турс, за Беса транс-случаи каде што имаме загинато луѓе. Тој е претседател на сите граѓани, тој мораше да реагира со своето појавување да влијае на јавното мислење, истакна Ковачки.

Тој порача дека на Македонија и треба претседател кој што ќе биде пред сè чесен, ќе биде личност која е меѓународно етаблирана, призната, личност која е отворена за сите граѓани.

-Потребна е личност која ќе ги слуша граѓаните и личност која што ќе го врати достоинството на функцијата претседател на државата. Ние цениме  и јас сум лично убеден дека професорката Гордана Силјановска Давкова е токму вистинскиот избор за претседател на државата и ценам дека ќе освои убедлива победа на претстојните претседателски избори, рече Ковачки во интервју за КУРИР.

Со него разговаравме за скандалите кои ги обелоденуваше пред македонската јавност, за хаосот со вадењето на лични документи. Тој како носител на листа во ИЕ 3, говореше и за очекувањата од парламентарните избори.

Целото интервју со Ковачки, КУРИР ќе го објави во текот на утрешниот ден

Најнови вести од Интервјуа

Теми на денот

To top