Економија Интервјуа Министерство за финансии

Петрова во интервју за Курир: Каде се потрошија јавните пари во овие седум години?

Петрова посочи дека и во минатото во Македонија имало задолжувања и јавен долг, но граѓаните знаеле на што се трошат парите.

Петрова во интервју за Курир: Каде се потрошија јавните пари во овие седум години?

Во 2016-та година, оваа политичка Влада ја почна со јавен долг од 4,7 милијарди евра, а на крајот на 2023-тата јавниот долг изнесуваше 8,5 милијарди евра, вели во интервју за Курир дополнителната заменик-министерка за финансии, Елена Петрова.

-Ако го додадеме новиот буџетски дефицит од 350 милиони евра, од почетокот на оваа 2024-та година, значи порастот на јавниот долг во последниве 7 години е над 4 милијарди евра. За што се потрошени тие пари? Овие 4 милијарди евра задолжување на македонските граѓани и идните генерации, и вкупно потрошените средства, ние не можеме да видиме како граѓани со голо око за што се потрошени тие пари. Немаме никаква нова инфраструктура, транспортна, железничка, немаме нови здравствени капацитети, немаме некои вложувања во опрема и други инвестиции кои ќе значат подобро да се справуваме со загадувањето или климатските промени… Немаме ништо што е видливо со голо око, рече таа.

Петрова посочи дека и во минатото во Македонија имало задолжувања и јавен долг, но граѓаните знаеле на што се трошат парите.

-За споредба, јавниот долг во периодот на претходната Влада на ВМРО-ДПМНЕ, во периодот од 2007-2016, значи за девет години се зголемил за 3,1 милијарда евра. Но, во тој период имаше инвестиции и граѓаните почувствуваа промена на животниот стандард, рече таа.

Дополнителната заменик-министерка посочи дека во овој период нема ништо и затоа се отвора прашањето: „Каде се потрошија јавните пари во овие седум години“?

Целото интервју со Петрова, КУРИР ќе го објави во текот на утрешниот ден

Најнови вести од Економија Интервјуа

To top