Македонија Филипче и Заев се истурени играчи

Лефков: СДСМ преку случајот „Онишченко“ отвори врата за руско влијание во Македонија

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ тврди дека доделувањето државјанство на контроверзниот украински бизнисмен било политички мотивирано; бара одговори за евентуални економски контакти со поранешни функционери

Лефков: СДСМ преку случајот „Онишченко“ отвори врата за руско влијание во Македонија

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, обвини дека власта предводена од СДСМ овозможила влез на руско влијание во земјава преку доделувањето државјанство на украинскиот бизнисмен Олександр Онишченко.

Според Лефков, Онишченко, кој во Украина беше предмет на кривичен прогон и подоцна осуден на затворска казна, добил македонско државјанство во периодот кога на власт беше СДСМ, со образложение дека ќе настапува за македонската репрезентација во коњички спорт. Пратеникот посочи дека претходно други држави не му одобриле престој или државјанство.

Лефков во изјавата наведе дека случајот отвора сомнежи за политичка позадина и потенцијални економски интереси, алудирајќи на тогашни гласини дека поранешен висок владин функционер се обидувал да воспостави контакт со Онишченко за економска соработка. Тој побара одговор од поранешните носители на извршната власт, меѓу кои ги спомена Зоран Заев и Венко Филипче, за целта и мотивите зад доделувањето на државјанството.

Од СДСМ во повеќе наврати претходно изјавија дека постапката за доделување државјанство била спроведена согласно законските процедури и врз основа на мислења од надлежни институции. По реакциите во јавноста и политичкиот притисок, Владата го поништи државјанството на Онишченко.

Најнови вести од Македонија

To top