Во две недели две големи криминални афери поврзани со кланот Заеви се отворија во Македонија. Како пупка…
Бирото за јавна безбедност (БЈБ) по налог на надлежниот Јавен обвинител приведе неколку лица меѓу кои и Ристо Крмзов, бизнисменот кој долги години профитираше како резултата на блиските врски со политички и еконoмски центри на моќ, кој конечно е принуден да одговара пред Законот. Доби и 30-дневен притвор за 94-милионско (во евра) оштетување на буџетот.
Човекот за кој јавна тајна беше дека со години пливаше во сенките на системот, штитен од политичко-бизнис елитата и кој се препознава како симбол на една епоха на институционализирана злоупотреба и системско државно ограбување.
Под маската на легален профит, преку фиктивно прикажување на добивки и симулирано плаќање на даноци, се изведувал организиран поврат на ДДВ. Со помош на фиктивни фирми, непостоечки физички лица од Косово и други земји, се оформувале лажни трансакции, само како параван за изигрување на законот. Нелегално стекнатите средства, преку монтирани државни исплати, завршувале во приватни џебови, а потоа се переле и легализирале преку градежниот сектор, кој со години беше омилен канал за перење пари.
Опфатени во пријавата се 15 правни лица и 23 физички.
И токму тука започнува да се поставува клучното прашање: Дали конечно се отвора пандорината кутија на струмичката бизнис-политичко-криминална елита?
Градежната експанзија на некогаш државниот, а денес приватизиран и разграбан имот, сомнителните одобренија за градби, нејасните кредити од домашни и странски банки, префрлањето имот на блиски фирми и роднини, поврзаноста со фирмите и капиталот на поранешни градоначалници и премиери – ја разоткриваат длабоката мрежа на интереси. Полека, но сигурно, паѓа маската и се поставува прашањето: кој е вистинскиот покровител и организатор на оваа мрежа на криминал?
Но ова не е единствен случај поврзан луѓе блиски на фамилијата Заеви.
Редакцијата на IRL.mk објави истражување во врска со грчкиот јаглен кој се увезувал во Македонија, а компаниите биле тесно поврзани со фамилијата на екс премиерот.
Според истражувањето на IRL, фирмите кои во тој период увезувале јаглен во државава биле тазе формирани во време на енергетската криза.
Еден таков е и Аљибер Ибраими од Мала Речица. Тој е сопственик на две фирми кои за време на енергетската криза добиле три државни тендери во вредност од 12,8 милиони евра. Компаниите „Куантум солушнс“ и „Енергија икс“ биле формирани на 29 март и 4 мај 2022 година, непосредно по распишувањето на повикот на АД ЕСМ на 25 март истата година. Регистрирани се на две различни локации во скопската населба Карпош.
Став по ова прашање побаравме и од поранешниот Јавен обвинител, Сотир Костов, кој вели дека со ваков одност власта покажува дека работите не се како до сега.
-Можам слободно да кажам дека полека обрачот полициски и јавнообвинителски се стега околу луѓето кои во изминатиов период вршеле недозволиви дејствија, односно го прекршувале законот и сториле кривични дела со голема тежина, со што нанеле штета на Република Македонија во голем изност, а тоа се повеќе десетици, стотици милиони евра, најконретно станува збор за повеќе бизнисмени поврзани во организирана криминална мрежа од Струмица, Скопје, Гостивар, Тетово… замешани се повеќе лица кои избегнувале да плаќаат данок на државата што е основна обврска на секој еден граѓанин. Од тоа се храни буџетото на оваа држава. Тие правеле фиктивни документи-фактури со кој се нанесувала огромна штета на Македонија, истакна Костов.
Тој вели дека во овој случај е вмешана и една од фирмите на екс премиерот Заев, која е со седиште во соседна Бугариј, која му служи за перење пари, а вмешан е и актиелниот лидер на СДСМ, Венко Филипче.
-Наводно преку трансфер на перење на пари му е купено и луксузното возило на Филипче, мислам дека органите на прогон си ја вршат работата, сега се во фаза на приведување на осомничените и најверојатно ќе има задржување за оние за кој ќе има потреба за тоа, вели Костов.
Најзвучна од овие фирми е „Зобек мајнинг груп, која исто така добивала државни тендери, но оваа фирма покрај тоа што имала блиски релации со фамилијата Заеви, тоа пријателство го продолжила и со актуелниот лидер на СДСМ, Венко Филипче, кој пак важи за продолжена рака на Зоран Заев во СДСМ.
Поврзаноста на „Зобек мининг“ со опозициската партија СДСМ води и до сегашниот лидер Венко Филипче. Минатата година ИРЛ дојде до фотографија на возило „АУДИ“ кое за време на предизборната кампања го возеше Филипче, а се водеше на име на фирмата „Зобек мининг груп“.
-Едно е битно, а тоа е да се покаже разлика во дејствувањето на претходната власт и на сегашната, бидејќи тоа е основен показател дали е оправдана големата легитимност која тие ја добија на последните избори. Гледаме дека ова е повеќемесечна истрага за овие случаи и залудни се обидите на тој бизнисменот кој е поврзан со Вице и Зоран Заев да се престави како СВЕТЕЦ и дека сето ова му е спакувано од актуелната власт, е тој најверојатно не е така, туку она за кое се зборуваше дека е еден од учесниците во уништувањето на банката на Трифун Костовоски, дека е еден од учесниците со противзаконскиот канал на перење пари со Косово и со трасфери на финансиски средства со Бугарија и дека ова е поука дека правдата кога тогаш доаѓа, можеби е спора ама раката на правдата ќе го стигне, потенцираше Костов.
На прашањето дали смета дека овие случаи може да стигнат и лично до Зоран Заев, Костов вели:
-Па веќе е дојдено, но знаеме дека тој ужива моментално во Дубаи, а доколку не заборавил од каде потекнува и ако дојде да види како му е Струмица и како му е Муртино каква му е Македонија најверојатно ќе се соочии со органите на прогонот, дециден е Костов.