Македонија Што оставија СДС/ДУИ?

Тошковски во „Наткаст“: Затекнавме состојба, Сицилија „вода да ни носи“

Многу е важно ние да направиме пресек и да им покажеме на криминалците како и на оние кои се занимаваа со висока корупција дека повеќе нема простор за вакво однесување во Македонија. Времето на злоупотреби заврши, нагласи Тошковски.

Тошковски во „Наткаст“: Затекнавме состојба, Сицилија „вода да ни носи“

За четири пет месеци разрешивме тежок криминал, најмалку седум убиства кои претходниците не успеале да ги разрешат од 2014, 2020, 2021, 2023 и едно од 2024 година, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во „Наткаст“ на Курир.

Вели дека во однос на криминалот, затекнале состојба во која дури и Сицилија на времето може „вода да ни носи.“ Министерот појасни дека се чуди што тоа минатата влада на СДС/ДУИ работела и дали воопшто работела, за да дојдеме до ова дереџе.

„Ќе бидам поумерен и ќе речам дека многу малку работеле, иако реално – ништо не работеле. Особено во делот на високата корупција“ вели Тошковски во „Наткаст“ со Љупчо Цветановски.

Посочи дека дел од овие убиства се со огромни трауми за јавноста, тоа се случаи од огромен јавен интерес и познати за сите граѓани.

-Многу е важно ние да направиме пресек и да им покажеме на криминалците како на оние кои се занимаваа со висока корупција искористувајќи ја положбата која народот им ја дал, високи државни функционери, така и на овие кои се занимаваат со сторување на најтешки кривични дела во делот на насилен криминал, дека повеќе нема простор за вакво однесување во Македонија. Времето на злоупотреби заврши, нагласи Тошковски.

 

Најнови вести од Македонија

To top