СДСМ и ДУИ се во оправдан страв, сметаат аналитичарите по повторените ставови на премиерот Христијан Мицкоски за жестока борба со инсталациите на овие партии во обвинителството и во судството.
Иако смета дека битката за реформи нема да биде лесна и кратка, премиерот е дециден дека ќе победат во намерата македонските граѓани да добијат правда каква што заслужуваат, а не неправда од страна на опструирани послушници на минатата власт.
Ваквите изјави на Мицкоски наидоа на експресни реакции од СДСМ и ДУИ кои обвинуваат за притисок, ароганција и закани, но за познавачите на состојбите во политиката реакциите се одраз на лична несигурност и страв од институционална одговорност за сторените злоупотреби во минатото.
Аналитичарот Воислав Зафировски вели дека тие што го партизираа, а со тоа ја урнисаа довербата во целиот судски систем – СДС и ДУИ, денес бурно реагираат на најавата на премиерот Мицковски за решителни реформи во правосудниот систем.
-Стравот од департизација на судскиот систем е разбирлив, бидејќи токму преку таа општествена полуга, СДС и ДУИ ги имаат под контрола општествените процеси и на тој начин сакаат да ја избегнат одговорноста за грабежот и штетите кои ги направија за време на нивното владеење. Граѓаните на Република Македонија очекуваат брзи промени во правосудниот систем и негово јасно позиционирање како независна трета власт, имуна на политички влијанија и притисоци. Очигледно, тоа не го сакаат само партиите кои довербата во правосудниот систем ја сведоа на историски најниско ниво од постоењето на македонската држава. Би завршил, нивниот страв е оправдан, бидејќи многумина од виновниците ќе треба за времена адреса да ја имаат адресата на КПУ Идризово, смета Зафировски.
Мицкоски додаде и дека во изминатите пет месеци од владеењето на новата Влада, често се случува некои од обвинителите да имаат стомачни проблеми, главоболки и температура, во момент кога треба да се преземе акција против криминалци кои биле симбол на, како што вели, минато седумгодишно владеење кое не треба да се повтори.