Вести ЕП 2025

Втора победа за младите македонски фудбалери во квалификациите за ЕП 2025

Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година забележа минимална победа над селекцијата на Гибралтар во натпревар од квалификациите за пласман на ЕП 2025 година, кое ќе се одржи во Словачка.

Втора победа за младите македонски фудбалери во квалификациите за ЕП 2025

Нашите фудбалери ја остварија втората победа во овие квалификации. Во првото коло од квалификацискиот циклус, славевме победа над Шведска, на гостински терен со 1:0.

Македонија доминираше, имаше иницијатива и посед на топка, противник главно беше позициониран на својата половина, бранејќи го својот гол. Во првиот дел пропуштивме неколку одлични прилики преку Станковски, Максимов и Тодоровски.

Во продолжението, избраниците на селекторот Драги Канатларовски успеаа да го скршат отпорот на противникот. Во 52. минута Абази погодува за предност на Македонија од 1:0. На крајот сосема заслужена победа на Македонија.

To top