Вести средби на мицкоски со граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ на терен со граѓаните на Општина Струмица: Важно е! Од тебе зависат промените!

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“ во општина Струмица, информираат од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ на терен со граѓаните на Општина Струмица: Важно е! Од тебе зависат промените!

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе оствари средба со земјоделците од населеното место Банско.

По завршување на средбата во 12:30 часот изјава за медиуми ќе даде Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Потоа, претседателот Мицкоски ќе го посети Пензионерскиот клуб и ќе оствари средба со пензионерите од Струмица.

Претседателот Мицкоски ќе оствари средба и ќе разговара со граѓаните кои имаат проблем со новиот предлог ГУП и градежните активности во Струмица.

Во 18:30 часот, претседателот Мицкоски ќе се обрати пред присутните граѓани во Мал градски парк во Струмица, се вели во соопштението на партијата.

Најнови вести од Вести

To top