Вести Мајкл Мелоун

Тренерот на Денвер дојде под кош да се расправа со судијата

Немоќта на шампионот најдобро се виде во потегот на тренерот.

Тренерот на Денвер дојде под кош да се расправа со судијата

Денвер Нагетс претрпе два домашни порази во полуфиналната серија на Западот против Минесота Тимбервулвс, а оној синоќа беше убедлив со 80-106.

Немоќта на шампионот најдобро се виде во потегот на тренерот Мајкл Мелоун. По една судиска одлука, Мелоун дотрча дури под кошот и му се внесе в лице на судијата, протестирајќи за својот тим.

Интересниот момент беше дека тренерот на Денвер не доби исклучување за овој потег. Неговиот тим е во незавидна позиција, а сега серијата се сели во Минесота.

To top