Вести се судриле автобус и автомобил

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА НА ПАТОТ БИТОЛА-ДЕМИР ХИСАР: Едно лице загина, а десетина се повредени

Едно лице го загуби животот, а дваесеттина лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа што попладнево се случила на регионалниот патен правец Битола-Демир Хисар.

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА НА ПАТОТ БИТОЛА-ДЕМИР ХИСАР: Едно лице загина, а десетина се повредени

Според првичните информации до кои дојде дописникот на МИА од Битола, станува збор за судир меѓу патничко моторно возило и автобус на компанија која превезувала работници од Битола кон населените места во Демир Хисар.

Во директниот сообраќаен судир меѓу патничкото моторно возило и автобусот на излезот од Битола, на местото на сообраќајката загинал возачот на патничкото моторно зозило, тешко е повреден совозачот, а повредени се и патниците во автобусот.

Се очекува СВР Битола да излезе со официјално соопштение за тешката сообраќајна несреќа во Битола.

Најнови вести од Вести

To top