Свет Поддршка ширум светот

Зеленски ги повика своите сонародници да ја преземат иницијативата во војната со Русија во свои раце

Поддршката што ја вети ЕУ исто така заостанува.

Зеленски ги повика своите сонародници да ја преземат иницијативата во војната со Русија во свои раце

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика своите сонародници да преземат иницијатива во свои раце за да го решат текот на војната со Русија, која трае речиси 23 месеци, и да обезбедат поддршка ширум светот.

Зеленски ова го изјави во своето редовно вечерно видео обраќање по враќањето од Светскиот економски форум во Давос, каде што апелираше до Западот да го засили притисокот со санкции врз Москва и да ја зголеми поддршката за Киев.

Неколку месеци откако украинската контраофанзива даде ограничени резултати, претседателот на земјата изрази уверување дека Вашингтон наскоро ќе ја достави помошта што беше одложена поради спорови во Конгресот.

Поддршката што ја вети ЕУ исто така заостанува.

– На Украина и треба поамбициозна и поактивна перспектива за иницијативата да биде во нашата земја, а не кај непријателот, а крајот на војната да зависи од украинските дејствија, рече Зеленски.

– Светот ги поддржува оние кои имаат одредена перспектива. И тоа е фундаментална задача – да преземеме иницијатива за да имаме можност да станеме посилни, додаде украинскиот претседател. (МИА)

To top