Македонија После 5 години пауза

Пендаровски нема да користи државна пензија, се враќа на старата професија – еве како што ќе работи

Пендаровски како професор работеше и пред да ја преземе функцијата, претседател на државата.

Пендаровски нема да користи државна пензија, се враќа на старата професија – еве како што ќе работи

Извори на ТВ21 дознаваат дека претседателот Стево Пендаровски на кој му завршува мандатот ќе се откаже од привилегиите кои му следуваат согласно законот. Пендаровски најверојатно нема да користи државен кабинет со работници и доживотна државна пензија. Според нашите извори тој најверојатно ќе се врати како професор на реномираниот меѓународен универзитет Американ Колеџ Скопје.

Како што дознава ТВ21, Пендаровски веќе започнал со консултации со бордот на Универзитетот, но и со други соработници околу неговото враќање како професор.

Пендаровски како професор работеше и пред да ја преземе функцијата, претседател на државата. Тогаш студентите често знаеја да речат дека тој е нивниот омилен професор.

Преходните председатели Бранко Црвенковски и Ѓорѓе Иванов ги користат привилегиите од законот за екс председатели- пензија во висина на плататата на шефот на државта,кабинет со секретарка и автомобил со шофер. Пендаровски неодамна и јавно најави дека ќе се откаже од привилегиите кои ги користат неговите претходници и ќе се врати на работното место од каде што дојде на функцијата пеф на државата.

Најнови вести од Македонија

To top