Хроника

ВЕТИЛА ДЕКА ЌЕ И ЈА РАСТУРИ МАГИЈАТА, НО И ГО „СОБРАЛА“ ЗЛАТНИОТ НАКИТ – еве како е измамена оваа штипјанка, не наседнувајте!

ВЕТИЛА ДЕКА ЌЕ И ЈА РАСТУРИ МАГИЈАТА, НО И ГО „СОБРАЛА“ ЗЛАТНИОТ НАКИТ – еве како е измамена оваа штипјанка, не наседнувајте!

Штипјанка била измамена од гатачка, кој и ветила дека ќе и растури магии, но и го украла златото.

-На 09.05.2024 во 17.00 часот во Полициската станица Штип, 33 – годишна жена од Штип пријавила дека на 26.04.2024 околу 15 часот во дворот од семејната куќа во Штип била измамена од едно женско лице. Според пријавеното, лицето ѝ ветило дека ќе ѝ растури магија, а за возврат побарала златен накит во врзопче од крпа, но под услов да не го отвора врзопчето.

По неколку дена откако ја отворила крпата забележала дека го нема златниот накит и сфатила дека е измамена.

Се работи на расчистување на случајот, информираат од МВР.

To top