Хамад Раза, чија сопруга беше во авионот што се судри со воениот хеликоптер Блек Хок во Вашингтон, рече дека добил СМС порака од сопругата само неколку минути пред трагедијата, во која му кажала дека наскоро ќе слета, но после тоа неговите пораки не пристигнале до неа. Тогаш се посомневал дека нешто лошо се случило.
-Само се молам некој да ја извлече од реката во моментов. За тоа можам да се молам, изјави Хамад Раза за WUSA.
-Ми испрати порака дека слетуваат за 20 минути, изјави тој за агенцијата, покажувајќи им ги пораките на својот телефон.
Раза рече дека сфатил дека нешто не е во ред кога неговите пораки не „пристигнувале“.
-Тогаш сфатив дека нешто се случува, рече тој, покажувајќи ги пораките на екранот на неговиот телефон.
A man waiting for his wife at Reagan National Airport, who was on board the commercial plane that crashed, tells local news that she texted him shortly before the crash
“I’m just praying that someone is pulling her out of the river right now.”
pic.twitter.com/qPV6eOZOjW
— FearBuck (@FearedBuck) January 30, 2025
Трагедијата се случи кога во средата вечерта хеликоптер со тројца војници се судри во воздух со комерцијален авион на Американ ерлајнс со 60 патници и четворица членови на екипажот. Летот 5342, регионален авион на PSA Airlines Bombardier CRJ700 кој летал за Американ Ерлајнс и патувал од Вичита, се судрил со воен хеликоптер додека се приближувал до пистата 33 на аеродромот во Вашингтон околу 21 часот.
Авион на Американ ерлајнс, наводно, се подели на половина и во моментов е два метри под вода во реката Потомак, изјавија извори за NBC 4 Вашингтон.
Спасувачките екипи даваат напори за потрага во студените води со надеж дека ќе се најдат преживеани. Противпожарни чамци се на терен на реката Потомак во Арлингтон. FAA и Националниот одбор за безбедност на транспортот ќе ги испитаат причините за несреќата.