Свет Да се овозможи поголема хуманитарна помош

„Вашингтон пост“: Израел и Хамас се се’ поблиску до договор за прекин на огнот

Според „Вашингтон пост“, ослободувањето на заложниците би можело да почне во следните неколку дена, под услов да не се појават проблеми во последен момент.

Весникот „Вашингтон пост“ синоќа објави дека Израел и Хамас се се’ блиску до постигнување договор за прекин на огнот, пренесе ДПА.

Во договорот за кој се преговара под посредништво на САД, двете завојувани страни размислуваат за петдневен прекин на огнот за време на кој би можеле да бидат ослободени десетици израелски заложници кои ги држи исламистичката терористичка организација во Појасот Газа, јавува весникот, повикувајќи се на лица запознаени со преговорите.

Портпаролката на Советот за национална безбедност на САД, Адриен Вотсон, во одговор на написот на американскиот весник, на платформата X напиша: „Сè уште не постигнавме договор, но продолжуваме да работиме напорно за да постигнеме договор“.

Според „Вашингтон пост“, ослободувањето на заложниците би можело да почне во следните неколку дена, под услов да не се појават проблеми во последен момент.

Прекинот на непријателствата треба да овозможи и значително поголема хуманитарна помош, вклучително и гориво, да стигне до Појасот Газа од Египет.

Нацрт-договорот беше разработен во неколкунеделните разговори во катарскиот главен град Доха меѓу Израел, САД и Хамас.

To top