Свет еу

Уставниот суд на Полска ги отфрли како неуставни казнените мерки на Врховниот суд на ЕУ

Уставниот суд на Полска денеска соопшти дека казнените мерки на Врховниот суд на ЕУ пред конечната одлука на полскиот суд се некомпатибилни со полскиот Устав, што дополнително го заострува спорот околу владеење на правото.

Уставниот суд на Полска ги отфрли како неуставни казнените мерки на Врховниот суд на ЕУ

Британските медиуми пишуваат дека одлуката на Врховниот суд на ЕУ доаѓа откако полската националистичка партија Право и правда, која до неодамна беше владејачка политичка сила во земјата и беше вмешана во бројни судири со официјален Брисел, на изборите на 15 октомври го загуби мнозинството во парламентот-Сејмот.

Сојузот на проевропски партии, што треба да формира нова влада, најави подобрување на односите со ЕУ.

Полска мораше да плати стотици милиони евра во два случаи во кои Судот на правдата на Европската унија одлучи да изрече привремени мерки. Едниот е поврзан со спорот меѓу Полска и Чешка за рудникот за јаглен Туров, а другиот поради воведувањето на дисциплинска комисија за полските судии.

Критичарите ги отфрлија овие одлуки како политизирани, а Уставниот суд на Полска претходно, во 2021 година, предизвика криза во Европската унија со пресудување дека некои европски договори не се во согласност со полскиот Устав.

To top