Свет Вупертал

Тинејџер со нож нападнал ученици во Германија, најмалку четворица повредени

Напаѓачот бил совладан и фатен.

Тинејџер со нож нападнал ученици во Германија, најмалку четворица повредени

Еден ученик изутрината повредил со нож неколку соученици во средно училиште во градот Вупертал во западна Германија.

Напаѓачот потоа бил совладан и фатен. Тој исто така е повреден, но не се знае дали сам себеси се повредил или се повредил при апсењето.

Полицијата околу 10 часот добила повик дека ученик нападнал други ученици во гимназијата и повредил најмалку четири лица, пренесува „Билд“.

Засега не се знае кој степен се повредите. (МИА)

To top