Свет најмалку 48 загинати

Спасувачите се тркаат со времето за да спасат преживеани од земјотресот во Јапонија

Околу 33.000 домаќинства ја поминаа ноќта без струја, додека многу градови останаа без вода.

Спасувачите се тркаат со времето за да спасат преживеани од земјотресот во Јапонија

Спасувачите се тркаат со времето за да ги извлечат преживеаните од зградите уништени во земјотресот, изјави денеска јапонскиот премиер Фумио Кишида.

Во земјотресот што вчера ја погоди Јапонија, животот го загубија најмалку 48 лица.

– Мораме да се тркаме со времето за да ги најдеме и спасиме жртвите од катастрофата, изјави јапонскиот премиер Кишида по состанокот посветен на одговорот на катастрофата, пренесува Би-би-си.

– Потврдена е многу голема штета, вклучително и бројни жртви, урнати згради и пожари, рече Кишида, додавајќи дека на спасувачите им било тешко да стигнат до северниот дел на полуостровот Ното.

Околу 33.000 домаќинства ја поминаа ноќта без струја, додека многу градови останаа без вода.

Неколку силни земјотреси, од кои најсилниот беше со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала, во понеделникот ја погодија јапонската префектура Ишикава на брегот на Јапонското Море.

To top