Свет денеска почнува гласањето

Претседателски избори во Египет

Избирачите денеска и во наредните два дена ќе можат да го остварат своето избирачко право од 09 до 21 часот по локално време.

Претседателски избори во Египет

Во Египет денеска почнува гласањето на претседателските избори, на кои се очекува актуелниот претседател Абдел Фатах ал Сиси да освои трет мандат.

Победата на изборите би значела нов шестгодишен мандат за Ал Сиси, кој тој може да го посвети на справување со инфлацијата, недостигот на девизи и напорите да го спречи конфликтот меѓу Израел и палестинското исламистичко движење Хамас да се прелее во Египет.

Избирачите денеска и во наредните два дена ќе можат да го остварат своето избирачко право од 09 до 21 часот по локално време.

Се очекува резултатите да бидат објавени на 18 декември.

Теми на денот

To top