Свет хуманитарна помош

Над 19.000 камиони со помош од Египет влегле во Газа од почетокот на конфликтот меѓу Хамас и Израел

Во Каиро завчера почна уште една рунда преговори за прекин на огнот меѓу претставниците на Израел, Хамас, САД, Египет и Катар.

Над 19.000 камиони со помош од Египет влегле во Газа од почетокот на конфликтот меѓу Хамас и Израел

Вкупно 401 камион со хуманитарна помош од Египет влегле вчера во Појасот Газа преку граничниот премин Рафа, јави египетскиот владин телевизиски канал Ал Кахера њуз.

Претходно шефот на Државната информативна служба, Дија Рашван објави дека властите во Каиро одлучиле да го зголемат бројот на тешки камиони кои доставуваат помош во блокираната енклава на најмалку триста дневно.

Вкупно 19.354 камиони влегоа во Газа од почетокот на конфликтот на 7 октомври, кога Хамас и другите палестински фракции го нападнаа јужниот дел на Израел, убивајќи околу 1.200 луѓе и земајќи повеќе од 240 заложници.

Доставени се вкупно 19.952 тони медицински материјал, 10.435 тони гориво, 123.453 тони храна, 26.692 тони вода, 2.023 тони шатори и платна и 123 опремени амбулантни возила.

Во Каиро завчера почна уште една рунда преговори за прекин на огнот меѓу претставниците на Израел, Хамас, САД, Египет и Катар.

To top