Свет „Канал 4“

Медиумската група Скај најави дека ќе отпушти 1.000 техничари поради дигитално емитување на програмите

Укинувањето на 1.000 работни места претставува околу четири отсто од 26.000 вработени во групацијата Скај, специјализирана за телевизиска продукција и емитување, а сметајќи го и персоналот во шесте европски земји каде работи, компанијата, вработува вкупно 32.000 луѓе.

Медиумската група Скај најави дека ќе отпушти 1.000 техничари поради дигитално емитување на програмите

Британската медиумска групација Скај денеска соопшти дека планира да укине 1.000 работни места во ОК оваа година, бидејќи има потреба од помалку техничари по преминувањето од сателитско емитување на дигитално емитување.

„Се повеќе клиенти избираат „интернет ТВ услуги“ за кои не е потребна посебна инсталација, што нè натера да го промениме бројот на работни места потребни за да ја обезбедиме услугата“, се вели во соопштението на Скај.

Укинувањето на 1.000 работни места претставува околу четири отсто од 26.000 вработени во групацијата Скај, специјализирана за телевизиска продукција и емитување, а сметајќи го и персоналот во шесте европски земји каде работи, компанијата, вработува вкупно 32.000 луѓе.

Британскиот телевизиски канал „Канал 4“ веќе најави намалување на работната сила за 18 отсто или околу 200 луѓе, како и преместување на седиштето во Лондон поради „наглото забавување на британската економија и намалувањето на побарувачката во рекламниот пазар“.  (МИА)

To top