Свет украина-русија

Лукашенко го повика Трамп да остане вклучен во преговорите: Без САД нема брз крај на војната

„Сега многу работи зависат од ставот на Трамп и САД. Најважно е Трамп да не се помести од оваа позиција“, изјави Лукашенко за американската телевизија, а белоруската државна агенција Белта објави делови од интервјуто.

Лукашенко го повика Трамп да остане вклучен во преговорите: Без САД нема брз крај на војната

Белорускиот претседател Александар Лукашенко, во вчера објевеното интервју за телевизијата Њузмакс , повика на брза акција за прекин на конфликтот во Украина, нагласувајќи дека САД мора да останат вклучени во дипломатските напори.

Лукашенко е сојузник на рускиот претседател Владимир Путин и ја отстапи територијата на Белорусија на Москва за инвазијата на Украина во 2022 година.

„Сега многу работи зависат од ставот на Трамп и САД. Најважно е Трамп да не се помести од оваа позиција“, изјави Лукашенко за американската телевизија, а белоруската државна агенција Белта објави делови од интервјуто.

„Доколку сè зависеше исклучиво од Трамп, војната ќе беше завршена одамна… Но, ова е процес со многу страни и Трамп не може сам да го реши… Конфликтот мора да биде замрзнат од горе до долу. Откако луѓето ќе престанат да се убиваат едни со други, можете да седнете и да се договорите за што сакате“, рече белорускиот претседател.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Лукашенко рече дека неуспехот во потрагата по мир би можел „лошо да заврши за Европа и целиот свет“ и „да прерасне во некаков вид глобален конфликт“.

Американскиот претседател ги предводи напорите за наоѓање решение за прекин на конфликтот. Првичниот американски мировен предлог, што многумина во Европа го критикуваа како поволен за Русија, претрпе измени.

Американските и украинските претставници одржаа консултации за предложениот договор, заедно со европските претставници на дводневните разговори во Берлин оваа недела.

Трамп го изрази своето разочарување од Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски затоа што војната, која трае речиси четири години, сè уште не е завршена.

Руските сили држат околу 19 проценти од територијата на Украина и се обидуваат да воспостават целосна контрола врз источниот регион Донбас.

To top