Свет Ванг Ји

Кина е подготвена да соработува со ЕУ

– Сè додека Кина и ЕУ ја зајакнуваат солидарноста и соработката, нема да има конфронтација, наведе Ванг на средбата со шпанскиот премиер Педро Санчез.

Кина е подготвена да соработува со ЕУ

Кина е подготвена да соработува со Европска Унија во име на слободната трговија и мултилатералниот пристап во меѓународните односи, изјави кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји за време на неговата посета на Шпанија.

Тој истакна и дека Кина и ЕУ можат да работат заедно за фер и уреден мултилатерален свет, како и за инклузивна економска глобализација.

Ванг посочи дека Кина ја прифаќа ЕУ како „важна сила во мултиполарниот модел“ и ја поддржува европската интеграција, развојот и проширувањето на Унијата, како и нејзината стратешка автономија.

– Сè додека Кина и ЕУ ја зајакнуваат солидарноста и соработката, нема да има конфронтација, наведе Ванг на средбата со шпанскиот премиер Педро Санчез.

Ванг се сретна и со шпанскиот колега Хозе Мануел Албарес и со кралот на Шпанија Фелипе Шести.

Кинескиот министер посочи дека Пекинг е подготвен да одржува размена на високо ниво со Шпанија и да ја продлабочи заемно корисната соработка. (МИА)

To top