Свет сад

Камала Харис не ги исклучи последиците за Израел доколку продолжи со големата офанзива во Рафа

Американската потпретседателка Камала Харис вчера изјави дека не исклучува дека ќе има последици за Израел ако продолжи со големата копнена офанзива во градот Рафа на југот на Појасот Газа, каде што поради борбите во другите делови на енклавата побегнаа повеќе од милион Палестинци.

Харис изјави за телевизијата ABC дека САД не исклучуваат последици за Израел доколку преземе голема воена операција во Рафа, повторувајќи дека Вашингтон верува дека тоа би било огромна грешка.

Харис истакна дека Палестинците од Рафа, во случај на голем израелски напад, немаат каде да одат, објави „Тајмс оф Израел“.

Коментирајќи го неодамнешниот повик на лидерот на мнозинството во американскиот Сенат, Чак Шумер за предвремени избори во Израел за соборување на премиерот Бенјамин Нетанјаху, Харис рече дека на САД им е јасно дека на израелскиот народ е да одлучи кога ќе одржи избори и кого ќе избере да ја води Владата, пренесува Танјуг.

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави за телевизијата МСНБЦ претходно овој месец дека израелската операција во Рафа ќе биде „црвена линија“ која не смее да се премине.

Белата куќа подоцна соопшти дека изјавата на Бајден не е став на официјалната американска политика.

To top